
Голем дел од дамите сакаат да читаат книги или да плетат, отколку да се оддаваат на интимни страсти, пишува весникот “Дејли мирор”, повикувајќи се на резултатите од анкетата направена во Британија.
Анкетата опфатила 1.000 жени на возраст меѓу 18 и 50 години и, таа покажува дека ако им се даде можност да се релаксираат, повеќето од нив ќе се оддадат на читање и креативно хоби, наместо на секс со партнерите.
Анкетата покажува дека 37 проценти од жените преферираат да релаксираат со книга, 26 проценти – во кадата, а 18 проценти – со креативно хоби како плетење, шиење, цртање, изработка на картички.
Само осум проценти од учесничките во анкетата се определиле за изборот на секс.
“Фокусот и радоста што го носат читањето и хобитоа, ги прават идеално средство за релаксација и контра стресот”, вели психолог Џо Хемингс.