Со нова технологија ќе се откриваат скриени натписи во египетските гробници

од desk2
99 прегледи

Ако сакаа да видат што навистина се наоѓа во внатрешноста на саркофаг од папирус, историчарите до сега мораа физички да го оштетат. За среќа, научници од Универзитетски колеџ во Лондон, пронашле начин да прочитаат натпис без уништување на гробници.

Овој процес во голема мерка потсетува на читање на затворени книги.

Се покажало дека скенирањето на саркофаг од папирус преку светлосни снопови со различни фреквенции, доведува до сјаење на мастилата со кои се нанесени овие натписи, што значи дека не е потребно да се уништуваат слоевите на паста и гипс во саркофагот, кои обично го прекриваат текстот.

Иако поголемиот дел од пронајдените натписи не претставуваат никакво спектакуларно откритие (најчесто станува збор за пријави за даночни затајувања), научниците наведуваат дека новиот систем нуди драгоцен увид во историјата на древен Египет, која не е поврзана со владејачката лоза и други познати личности.

Новата техника веќе се покажала како корисно средство, при скенирање на мумии во Кент во Велика Британија.

Иако се уште не е познато колку ќе стане широко прифатена, научниците ја сметаат за исклучително благородно средство за проучување на историјата.