Шпански научници работат на развој на паметна четка за заби која ќе биде во состојба да ги препознае првите знаци на одредени здравствени проблеми и да спречи прерана смрт од срцеви болести.

Паметната четка собира податоци од плунката и прецизно идентификува промени во организмот кои упатуваат на потенцијален застој на срцето.
Во Велика Британија близу 200.000 луѓе годишно се борат со последици од срцев удар, од кои 70.000 умираат.
„Покрај информациите на бројот на отчукувања на срцето, крвниот притисок и со биолошки примероци од плунката ќе може да се спречи развој на опасни болести и на пациентите ќе им помогнат во грижата за нивното здравје“, вели кардиологот Алваро Марко дел Кастиљо кој соработува со тимот научници кои прават таква четка.
Шпанските научници и лекарот веруваат дека овој пронајдок ќе заживее и ќе иде причина за спречување смртни случаи.