Врховниот суд во Тајван донесе одлука дека еден маж треба да и исплати милион долари на својата мајка за одгледување и финансирање на неговото школување за стоматолог.

Мајката чие презиме е само наведено, Лиу, потпишала со синот договор во 1997 година, кога имал 20 години, дека откако ќе се вработи 60 отсто од заработката ќе и го дава нејзе.
Тој неколку години одбива да се придржува до договорот, па таа го тужела.
Без разлика што тој вели де бил млад и не разбирал баш што потпишува, судот го уважи договорот со образложение дека тој бил полнолетен и без присила го потпишал договорот. Синот вели и дека години по дипломирањето работел во нејзината ординација и дека таа заработила на него многу повеќе.
Ист договор таа потпишала и со постариот син, но тој ја плаќа обврската.
Лоу која по разводот со сопругот ги одгледала двајцата синови се сомневала дека на стари години тие ќе сакаат да ја гледаат, го потпишала тој договор со нив.
Според тајванскиот закон, возрасните лица се должни да се грижат за родителите во доцните години, со тоа што родителите немаат пракса да ги тужат своите деца ако тоа не се случи.