Амнестија за конструктивност за враќање во парламентот на ВМРО ДПМНЕ и промена на името

Новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски во синоќешното интервју за МТВ, конечно отвори дел од идните насоки на дејствување на партија. Осврнувајќи се на актуелните случувања за насилствата во Собранието на 27 април лани, оцени дека тоа било најголемата штета на интересите на неговата партија, ама сепак тие ја осудуваат акцијата на апсења како последица , фокусирајќи дека причина за тоа била изборот за претседател на Собранието, а не насилен упад за заддржвање на власта, како штотоа го оцени целата домачна и странска јавност.
Новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ најавува дека ќе поднесат предлог-закон за амнестија до Собранието на осомничените за настаните од 27 април.
Мицковски не кажа дали и кога пратениците од опозицијата би можеле да се вратат во собраниските клупи, но тоа е првиот

пазар препозназваат аналитичарите. Тој рече дека како опозиција, тие се подготвени да и подадат рака на власта и преку конструктивност да работат за доброто на граѓаните, да се борат со аргументи и да ги поддржат оние предлозите кои ќе донесат подобар живот, со цел единство за заштита на националните интереси. Името како што посочи требало да се решава ама не даваат исто менување на Уставот и бараат референдумско изјаснување.
Партиски извори од ВМРО ДПМНЕ тврдат дека во партијата всушност ништо нема сменето од владењето на Никола Груевски, дека допрва ќе се види колку е компактна партијата со назначување на новите фронтмени на партијата , вклучително и координатори во парламентот.
За планот за Амнесстија пак велат се игра на два терена. Едното е со подготовка на законот, кој би требало да биде замена за конструктивноста на ВМРО ДПМНЕ за враќање во парламентот, и секако задршки во гласноста околу активностите за промена на името и процесите кон НАТО. Резервната варијантана ВМРО ДПМНЕ и Груевски во тој пакет е претседателот Иванов кој ако се тоа не помине во парламентот ќе треба да го изигра преку негова одлука, бидејќи као велат истите извори и тој самиот е инволвиран во тие процеси, и таа Амнестија би му користела и нему.
Првата половина на Февруари е тајмингот кога ќе се добие вистинкската слика за развојот на настаните во опозицискста ВМРО ДПМНЕ, и политиките кои ќе мора да го спроведува новиот кадар на Груевски , лидер на партијата Христијан Мицковски .
К А