Албанскиот златен орел – националниот симбол на прагот на исчезнување

од Vladimir Zorba
1,3K прегледи

  

 

Тој е албанскиот национален симбол, но орелот можно е многу брзо  да остане само на знамето. Таа величествена птица е под закана за истребување поради се поголемиот незаконски лов.

На само 30-тина километри северно од Тирана, продавачи нудат на автопат такви препарирани птици по цена од 65 до 100 долари. Орелот е заштитен вид како и златниот орел. Но, човекот што продава не е загрижен за птиците, кои се со повредени на крилата од куршум и со врзани канџи.

– Јас не сум го повредил. Даден ми е за продажба. Купувачите ќе ги чуваат во кафез во бар или ресторан, вели тој.

Без разлика дали купувачот ќе го препарира или ќе го задржи во кафез, овие птици може да се најдат на продажба на улици.

– Од четирите видови грабливци што постојат во Албанија, само еден, Египетскиот грабливец останува и неговата популација е екстремно редуцирана, вели Мирјан Топи, автор на првиот албански прирачник за птици. Исто така се намалува брзо и бројот на златни орли, кои се на знамето на таа балканска држава.

Според експерти, пред околу 25 години имало околу 100 и 200 двојки златни орли. – Таа цифра денес е речиси двојно помала, драматично намалена, вели Топи.

За биологот Таулант Бино, претседател на Албанското орнитолошко друштво, златниот орел е „на пат на истребување“.

– Пред 50-тина години дури и во почетокот на 90-те можно беше да се види на секој врв, вели тој.

На глобално ниво златнито орел (Aquila chrycaetos) не е класифициран како загрозен вид, според Меѓународната унија за зачувување на природата (ИУЦН).

Но, во Албанија овие денови местата каде најмногу може да се види златниот орел се барови, ресторани или хотели, вели Топи.

– Идејата е да се декорира ентериерот за да се привлечат гости, со непочитување на законите и покрај забраните од државата и институциите, вели експертот за птици.

Во јужниот регион Орикум, маж на возраст од 50-тина години кој се идентификува само како Петрит, е горд на орелот што го купил за 400 евра. Поставен му е во барот веднаш до националното знаме и други препарирани птици.

– Се поретко може да се најде орел, вели тој.

Државата се заканува дека ќе го затвори неговиот бар ако продолжи да го покажува својот трофеј, но Петрит не е загрижен.

– Подготвен сум да платам казна, но ќе го зачувам, додава.

На планината Прениш на границата со Македонија ловџија, кој се претавува како Едмонд се појавува збунето со две птици кои штотуку ги убил. Има 35 години и објаснува дека има план да ги стави птиците како декорација во неговиот бар „за да привлече повеќе гости“.

Во Албанија постоеше забрана за лов се до 2014 година. Властите наведуваат дека околу 2.000-3.000 италијански ловџии убиле повеќе од 150.000 птици меѓу кои и стотици орли во изминатата деценија. Но, тие признаа дека забраната била неефективна поради тоа што се воведени само казни.

Според Ермал Халими, експерт од Министерството за туризам и заштита на животната средина, постојат планови да се зајакнат закони со казни како „затвор за сите кои учествуваат во истребување на заштитени животни“.

Но, тоа не е целата приказна.

Друга закана, можеби и пострашна, се надвиснала над тие грабливци: затруени мрши на животни кои овчари ги оставаат на полињата да ги заштитат своите стада од волци.

– Една мрша е доволна да убијат неколку грабливци ако тие ја најдат мршата пред волците, вели Неџип Нјуолокај, екстерт за заштита на животната средина од регионот на Орикум каде во март шест орли и грабливци беа пронајдени затруени.

Засега не се воведени казни за таа пракса за која овчарите велат дека не можат да се откажат.

– Овците се единственото нешто што не храни, тие се наша гордост и волци ги убиваат. Немаме друг избор, вели Садо Џелили (83), кој го штити своето стадо.

Пи-Ар-Ај – Минеаполис