Антони е Американец кој неодамна ја посети Македонија.
Претходно немал слушнато за неа, но откако започнал да работи на интернет со некои Македонци, добил желба да ја посети.

– Знаев само дека постои земја која се вика Македонија, ништо повеќе. Откако почнав да работам со група на Македонци, со кои се запознав на интернет, почнав да се интересирам за каква земја станува збор. На почетокот не бев толку близок со нив, па почнав да барам на интернет нешто повеќе. Не најдов ништо интересно, што можеше да ме привлече. Освен политички и етнички препукување. Постепено почнав да се спријателувам со моите колеги, и така почнав да ја запознавам Македонија. По нивните кажувања, ниту тие не си ја сакаа многу земјата, но успеав да заклучам дека живеете опуштен живот. Бидејќи сум туристички патник, на листата на земји кои сакам да ги посетам во иднина беше и Македонија. Тоа и се случи. Вака ја почнува својата приказна Антони, кој неодамна беше во Македонија.
Антони сепак е изненаден од Македонија и луѓето кои живеат тука. Вели дека очекувал нешто многу помалку, но сепак добил друга позитивна слика.
– Кога стигнав во Македонија, моите колеги постојано ме шетаа. Најпрвин ме одведоа во кафеана. Таков е адетот. Го пробав најпрекрасниот алкохол, ракија. Не се сеќавам како заврши таа вечер. Се шетавме, низ главниот град, бевме во Охрид, во Кокино, и уште на многу прекрасни места.
Луѓето се прекрасни. Гостопримливи. Храна е толку многу вкусна и посебна, вели Антони. Младиот Антони додека престојувал во Македонија имал прилика да оди и на домашна слава Св. Архангел, кај еден од колегите.
- Луѓето знаат да се дружат. Јадење на масата имаше колку сакаш. И пиење. Нешто се славеше. Кај нас го нема тоа. Не одат луѓето на гости еден кај друг. Ретко кога роднините се среќаваат. И тоа ќе се сретнат некаде надвор, не во домашна атмосфера.
- Добар народ се Македонците. За жал имаат ниски примања, мали плати. Каков би им бил животот доколку имаат малку поголеми плати, се прашува Антони.
Антони од сето тоа што можел да забележи, изненаден е од платите кои ги земаат Македонците. И покрај тоа што имаат многу ниски примања, тие знаат како да уживаат. Како да си го направат животот поубав. Одат на работа, доаѓаат дома и имаат слободно време за други активности. За дружење, за излегување, за рекреација.
Зборови кои не се пронајдени во базата:
Твитни, пепукување, примиња, спријателувам, туристичи, успев,