
Научниците од биолошкиот институт “Куодрм” во Норвич открија голема мистерија околу смртта на писателот и драматург Антон Чехов (1860-1904 година). Според нивното истражување, тој можеби умрел од т.н. излив на мозокот.
Научниците го истражувале хемискиот состав на примероците земени од картички и писма потпишани од драматургот, како и од кошула која имало дамка од крв, со која тој бил облечен кога тој починал.
Тие, во примерокот, освен протеинот кој сведочи за постоењето на микробактеријата на туберкулозата, откриле и протеини, кои придонесуваат за формирање на тромби, кој довеле до затнување на крвните садови и крварење во мозокот, пишува весникот “Тајмс”.
Големиот писател умре во хотел во Баденвајлер во Шварцвалд, каде што оди лекување поради туберкулоза. Неговата сопруга, Олга Книпер-Чехов, рекла дека нарачал чаша вино и дека веќе не пиел шампањ. Тој и се насмевнал и, потоа отишол во кревет, по што умрел.
Иако туберкулозата сериозно го оштетила здравјето на писателот, тоа не беше непосредна причина за неговата предвремена смрт. Биографите на Чехов посочија дека писателот починал од срцев удар.