
Претседателот на САД се омажи за Мелани Кнаус во сабота, на 22 јануари 2005 година, шест години по распадот на бракот со втората сопруга Марла Марплс.
Со првата сопруга Ивана Трамп тој се разведе во 1992 година. На свадбениот ден на Трамп и Мелани учествуваа над 350 гости, а неа невестата облече два многу скапи фустани, пишува Mirror.
На една од сликите, која денес може да јa видите, а која благо речено изгледа скандалозно, се забележува како Трамп и Мелани весело се смеат заедно со брачниот пар Бил и Хилари Клинтон.

Тие не беа единствените ѕвезди на кои им беше дадена покана за свадба. Меѓу другите гости беа Симон Кауен, Хајди Клум, Арнолд Шварценегер, поранешниот градоначалник на Њујорк Руди Џулијани и Кели Рипа, како и раперот Пи Диди, Шер, Кејт Ли Гифорд, кошаркарскиот ас Шекил О’Нил, Били Џоел и легендарната уредничка на Vogue Ана Винтер.

Мелани не се реши за еден фустан за големиот ден. Словенечкиот модел избра два свадбени фустани за да ги прикаже пред своите гости. Таа се појави и на 14 страници во списанието Vogue во кое го покажа совршениот фустан кој е модел на Christian Dior и чинел 80 000 фунти, направен од речиси 300 „фунти -сатен„ и со 550 часа работа на везови.

Драмски превез го покривал телото на Мелани, која носела и сјајен дијамантски ѓердан, три дијамантски нараквици и 12-каратниот дијамантски прстен, купен од Трамп за 1,5 милиони долари.

Но, бидејќи фустанот на Диор станал премногу тежок за прошетки, за вечерниот прием Мелани го променила со модел на Вера Ванг во грчки стил со шлиц до колено. Среќниот пар се зел на церемонијата во Епископската Црква во Бетесда покрај морето на Палм Бич, Флорида. Тие биле пречекани од толпа весели локални жители кои слегле да го гледаат највпечатливиот настан и да ги видат ѕвездите.

По церемонијата 350-те гости се упатиле на прослава што се одржала на приватниот имот на Трамп на Маралаго.
