Постои добра причина зошто секоја година треба да се вакцинираме против грип. Имено, секоја нова вакцина го намалува ризикот од компликации предизвикани од грип, покажаа резултатите од шпанска студија.

Резултатите од студијата на Институтот за јавно здравје во Памплона, која опфатила 65 луѓе, покажале дека оние кои се вакцинирале секоја година имале двојно повеќе шанси превентивно да делуваат на компликациите кои грипот може да ги предизвика.
„Пациентите кои се вакцинираа автоматски спреиле неколку сериозни и фатални инфекции кои ги предизвикува грипот, за разлика од пациентите кои тоа не го направиле или не го прават редовно“, пиѓуваат доктор Ицијар Касадо и доктор Хесус Кастиља во својата студија.
Доктор Дејвид Топам од Универзитетот во Рочестер ја поддржува студијата објавена во магазинот “Canadian Medical Association”, наведувајќи дека од грип се разболуваме во просек на три до пет години.
„Вашиот организам со време ослабува. Вакцинирањето секоја година го зајакнува вашиот имунитет“, вели тој и објаснува дека секоја вакцина ја стимулира продукцијата на антитела и Т-ќелии (тип лимфоцити) за организмот подобро да се брани од инфекција. Редовната вакцинација исто така ја поттикнува и продукцијата на Т-ќелии.