„JB Quartet“ на 12-ти и 13-ти Јануари ќе одржат два концерти во фантастичниот амбиент на новиот блуз и џез ресторан во центарот на Скопје, на местото на поранешната пекара Мекиците од Стража. Концертите се во организација на Бистро Скопје и Чув де Чув.
Извонредните шефови Жика и Рубин ќе подготвуваат специјалитети со плескацица од првокласно телешко месо, бри, капини… Специјалитети кои апсолутно мора да ги пробате. Гостите ќе имаат и можност да изберат врвни вина од богатата винска карта со промотивен попуст на вината на Тиквеш кои се поддржувачи на настанот.
А кои се JB Quartet? Предводени се од одличната џез вокалистка со големо искуство, Јасмина Беличанска. Членуваат и еден од најпознатите македонски музичари, басистот Оливер Јосифовски кој е основач на Љубојна и поранешен член на Фолтин, младиот пијанист Филип Димишковски и на ударни инструменти Бодин Попов од групата Beta House. На специјалниот Василичарски концерт ќе изведат маестрални кавери на Ејми Вајнхаус, Vaya Con Dios и слични артисти.
Како да присуствувате? За присуство ќе мора да побрзате и да резервирате неколку од малкуте преостанати места во Чув де чув на 078 52 05 52 или на [email protected]
Уживајте во прекрасната музика и храна во новото задолжително место за посета во Скопје – Бистро Скопје.