ФОТО: Манасков и Кузмановски добија нови фризури поради облог!

од desk2
99 прегледи

Македонските ракометари ја завршија првата фаза со реми против Германија (25-25), а по големиот резултат кој ни донесе прво место и екстра-бод во наредната фаза на Европското првенство, двајца репрезентативци добија нови фризури.

Дејан Манасков и Филип Кузмановски се потрстижени на „кец“, поради загубен облог. „Нова фризура! Кладба си е кладба“, напиша Манасков на социјалните мрежи.

Облогот меѓу репрезентативците бил дека Македонија ќе заврши прво место во групата. Во потстрижувањето учествувале сите тројца – по малку!

Македонија во вториот круг пренесува три бода, а прв ривал во Вараждин ќе биде репрезентацијата на Шпанија./Гол