Докторот Сиј Хемал на лет на Ер франс од Индија до САД, породи една жена која на свет донесе момче Џејк.

Хемал за време на летот планирал да гледа филм, да испие чаша шампањ и да спие, но благодарение на малиот Џејк кој не можеше да чека авионот да слета, ништо од тоа не се случило.
Откако персоналот на авионот побарал лекар Хамал сфатил дека и треба помош на 41-годишната Тојин Огундипе која добила породилни трудови.
„Се жалеше на болки во грбот. Прво помислив дека се работи за камен во бубрег, но кога ми кажа дека е трудна, сфатив дека се работи за породилни болки. Кога тие почнаа да се јавуваа на две минути, ми беше јасно дека ќе ја породам во авион“, вели Хемал за CNN.

Итното слетување барало двојно вртење во американската база на Азорските острови. Место тоа, персоналот ја префрлил бремената жена во прва класа каде имало помалку патници и повеќе простор, а до аеродромот „ЏФК“ имале уште четири часа лет.
Иако Немал всушност е уролог, ова е негово осмо породување.

„Бев опуштена затоа што знаев дека сум во добри раце. Направија се што би направиле лекари и бабици да бев во болница, можеби дури и повеќе“, вели Огундипе, која се породила на 17 декември.
Веднаш по слетувањето мајката и бебето се префрлени во болница, а веста е објавена еден месец подоцна..