Патријархот Неофит за МПЦ-Охридска архиепископија: Имаме консензус за прашањата на иднината

од Vladimir Zorba
114 прегледи

Имаме консензус за главните прашања на иднината, изјави  Неговата Светост патријарх Неофит во одговор на
прашањето на агенцијата БГНЕС, што се очекува во блиска иднина во однос на приближувањето меѓу Бугарската православна црква и Македонската православна црква-Охридска архиепископија.


“Претстојат интензивни средби и разговори. Ние се обидуваме со внимание да го  ислушаме добриот тон  , да
се сретнеме со архиереите и со луѓето од кои зависи ова прашање. Фала му на Бога дека имаме
консензус за главните прашања на идното единство” , истакна бугарскиот патријарх.
МКЦ-Охридската архиепископија минатата есен побара од БПЦ да биде нејзина Матична Црква и да се бори за автокефалноста на МПЦ-ОА
Светиот Синод на БПЦ формираше посебна комисија за решавање на ова прашање и веќе се одржани  првите состаноци.
Архиепископот Охридски  и Македонски Архиепископ Стефан лично дојде во Софија.
Патријарх Неофит се сретна на 7 јануари со вселенскиот патријарх Вартоломеј, со кој отслужија литургија во возобновениот железен  храм “Свети Стефан” во Истанбул.

Потоа двајцата духовни пастири имаа разговори, на кои беше и темата со автокефалноста на МПЦ-ОА.
Запрашан дали ќе учествува на претстојните прослави на 1000 години од основањето на Охридската архиепископија, патријарх Неофит одговори: “Ќе размислиме како да се напомене овој датум. Со Бога напред! Ќе се трудиме да му служиме на љубовта и мирот  на Христа “.
Потсетуваме дека оваа година се навршуваат 1000 години од Охридската архиепископија .