Дубаи има нова атракција за селфи

од desk2
87 прегледи

Дубаи влезе во новата година подновен со нова туристичка атракција. На 1 јануари, 2018 година беше откриен џиновски портал што потсетува на голема позлатена рамка за слика.

Идејата за оваа атракција, според креативниот тим, е туристите да тргнат на еден вид патување низ времето.

Рамката се состои од две стаклени кули високи по 150 метри, а на врвовите има мост широк 93 метри со стаклено дно, идеално за селфи фотографија со фантастичниот Дубаи.

Посетителите може да уживаат во панорамскиот поглед на градот, а интерактивната изложба поставена внатре им овозможува да ги откријат историјата и иднината на овој импресивен град.

Новата атракција всушност се темели на тоа спојување на стариот и новиот Дубаи, односно развојот на градот од рибарска населба во метропола.

Рамката Дубаи е дело на наградуваниот архитект Фернандо Донис, а изградбата заврши десет години откако беше зацртана првичната идеја.