Македонија го претрпи првиот пораз на Европското првенство во Хрватска, но покрај поразот од Шпанија (20:31), многу е голема веројатноста дека до крајот на шампионатот го загуби и капитенот Кирил Лазаров.
– Цел натпревар одигравме катастрофално. Лошо почнавме и уште по 15 минути губевме седум разлика. Лазаров рано се повреди и мислам дека нема да може да игра до крајот. Нашите шанси без него се многу помали. Кире за нас е многу важен. Ќе видиме како без него, рече македонскиот селектор.
Лазаров го напушти натпреварот во 12.минута поради повреда на десната задна ложа.
Македонија во вторник во 2.коло од втората фаза игра со Чешка. з