Корпорацијата Pantone ја избра ултравиолетовата боја за боја на 2018 година и истакнува дека таа треба да биде составен дел од секој мејк ап.

Опишана како драматична, провокативна и промислена, виолетовата сенка е омилен мејк ап на бројни познати личности, од кралицата Елизабета и Хилари Клинтон, до креативните гении како Дејвид Боуви, Џими Хендрикс и Принс.
Ултравиолетовата може да се види на лицето на Соланж Ноулс и Ријана. Мејк уп стручњаците се сложуваат дека оваа боја во вашиот изглед ќе се вклопи во вид на сенка за очи или ајлајнер.
Меѓутоа, доколку не сакате боја за очи, може да користите и виолетов кармин или пак да изберете виолетова маскара. ни во еден случај нема да згрешите затоа што ултравиолетовата е хит оваа година.
https://www.instagram.com/p/Bc9_g2OD8xC/?taken-by=pantone