Смртоносна болест кај елените коија прави тие да изгледаат и да се однесуваат како зомби е во пораст во некои делови на САД и Канада, поточно во 22 држави во САДи и две покраини во Канада.

Се викаChronic Wasting Disease (CWD), а ја викаат и болест на зомби елен.
Се работи за инфекција која го напаѓа мозокот, рбетниот мозок и другите ткива, доведува до слабеење и на крај до дезориентираност со чуден поглед од очите. Завршува со смрт.
Не е познато дали може да се зарази и човек, но се покажало дека макаки мајмуните се подложни на неа ако изедат заразано месо, па само прашање на време е кога ќе се појави форма пренослива на луѓето.
Болеста на зомби елен е забележана пред 50 години, а американската држава Колорадо била епицентар.
Со болеста може да се заразат и диви и домашни животни, а може да поминат и години пред да се појават симптомите.
Иако се мисли дека постои „бариера на вид“ која би спречила ширење кај човекот, сепак последните наоди покажуваат дека постои ризик, па предупредени се најпрво ловџиите.