Евакуирана зоолошката во Париз, избегаа бабуни

од desk2
84 прегледи

Зоолошката во Париз во петок беше затворена, откако бабуни избегаа од нивното живеалиште.

Се уште не е јасно како бабуните избегале од засолништето каде биле затворени, но зоолошката реагираше со затворање на вратите за посетители.

Според првичните извештаи дури 50 бабуни успеале да избегаат, но според портпаролот, само четири не се најдени.

Полицијата им помага на вработените за справување со ситуацијата.

Затворени се и околните патишта.

Според медиумите, бабуните најчесто се обирале околу една голема карпа во средината на зоолошката, а како избегале не е познато.

Зоолошката е во источниот дел на Париз.