(ГАЛЕРИЈА) Загатката повторно скокотка: Повторно отворена истрага за најмистериозното бегство од затворот Алкатраз 

од desk4
195 прегледи

Речиси 55 години по еден од најмистериозните бегства од затворот Алкатраз, полициската истрага за случајот е возобновена. На 11 јуни 1962 година тројца затвореници успеале да избегаат од оваа казнена единица, која е сметана за непробоен калифорниски затвор, но затворениците го искористиле вентилацискиот систем за да го побијат овој мит.

Тројцата бегалци и нивната судбина останува неизвесна и до денес, иако тогашното истрага доаѓа до заклучок дека бегалците се удавиле, а нивните тела се однесени во океанот. Но, пред неколку дена, калифорниската телевизија објави дека добила примерок од писмо испратено до полицијата во Сан Франциско, кое датира од 2013 година.

Испраќачот тврди дека е еден од избеганите затвореници, кој е болен од рак и ветува дека ќе се предаде, ако властите му обезбедат медицинска помош и гарантираат дека нема да лежи повеќе од една година во затвор.

Моето име е Џон Англин. Избегав од Алкатраз во јуни 1962 година со мојот брат Кларенс и Френк Морис. Токму сега има 83 години и не сум добар. Јас сум болен од рак. Да, сите ние успеавме таа ноќ.

Така почнува писмото испратено до полицијата во Сан Франциско, кое уште во 2013 година е упатено на судско вештачење и биле земени отпечатоци, ДНК и ракопис, но тие не дале категоричен одговор за идентитетот на испраќачот, а ФБИ решава да го одмрзне случајот затворен уште во 1979 година.

Алкатраз се наоѓа на истоимениот остров, кој се наоѓа на милја од калифорнискиот брег и е опкружен со силни и непредвидливи подводни струи. Тој бил изграден како воена тврдина, а во 1930-тите години бил претворен во федерален затвор. Таму биле испраќани затвореници со лошо однесување или со претходни обиди за бегство.

Се сметал за апсолутно непробоен, а ретките обиди за бегство завршувале со фаќање или давење. На 11 јуни 1962 година банкарските манипуланти Френк Морис и браќата Џон и Кларенс Англин стануваат првите наводни бегалци од Алкатраз.

За 6 месеци тројцата го прошириле отворот на вентилација во една од ќелиите и тоа го правеле со прирачни материјали како лажици и стари сечила од пила. Се тоа го работеле со рачно изработени алати. Додека тоа го правеле правот го остранувале со стара правосмукалка, а додека работеле Морис  свирел гласно на хармоника и така го прикривал звукот.

Тие низ вентилационата мрежа, стигнале до покривот на затворот, од каде успеале да се спуштат и од него да отпловат со импровизиран сплав направен од исплетени мантили.

Таа е ноќ започна пребарувањето на морето, вели Џолиен Бабијак, кој во тоа време имал 15 години.

Не разбудија сирените кои никогаш пред тоа не ги бев слушнал и тогаш не разбрав што се с случило. Мајка ми ме пречека на скалите и ми рече:  Облечи се. Ќе ја пребараат куќата , изјави таа. Од тројцата затвореници, сепак, немало ни трага. По неколку месеци, морето на брегот донело човечки коски.

ФБИ изјавува дека припаѓаат на еден од бегалците и го затвораат случајот, вели Џон Кантуел од Државната полиција. Федерално биро за затворите вели дека потонале штом избегале од Алкатраз и нивните тела се исчезнати во Тихиот Океан. Крај на историјата, се сеќава тој.

Некои од истражувачите на браќата Англин во текот на годините тврдат дека се живи и направиле спорадични обиди за контакт. Во 2015 година, двајца од нивните внуци велат дека нивните чичковци се уште се живи, тие се наоѓаат во Бразил и се над 80 години. Па дури и покажеле слика и Божиќна карта испратена од нив.

Анализата на ракописот се покажува како оригинална, но нејзиниот точен датум никогаш не е докажан. Во писмото до полицијата од 2013 година Џон Англин тврди дека Кларенс и Морис починале пред неколку години и моли за медицинска помош, бидејќи самиот тој е болен од рак. Ако не, тогаш тие комуницирале со некого. Значи некој некаде ќе знае ако тој е уште жив , смета Џеф Харп, експерт за безбедност.

Сепак, 11 јуни, 62, останува последниот датум на кој последните тројца биле видени во живо.

Во 2014 година група холандски истражувачи се обидделе да го реконструираат бегството и дошле до заклучок дека тројцата имале реална шанса за бегство и опстанок во одреден сегмент од времето и тоа малку пред полноќ.

Еден од внуците пак тврди дека нивен чичко им раскажал дека лично го советувал Англин како да избега, ако сакаат да останат нефатени и дополнува: Браќата несомнено го направија токму она што сум ги советувал.