„Ова е свет каде ниеден човек не може да живее. Потопло е од Меркур, атмосферата е поотровна од онаа на Сатурн. Во срцето на пожарот температурата надминува 500 степени Целзиусови. Смртоносни облаци од јаглен моноксид и други гасови ги преплавија карпестите комори.„

Вака писателот Дејвид Декок го опиша пожарот кој веќе со децении гори под денес напуштениот рад Централија во САД.
Се почнало во мај 1962 година кога градските власти сакалде да ги решат дивите депонии ѓубре, па решиле да ископаат 20 метри дупка и тука да го спалат целото ѓубре.
Комунален инспектор ги предупредил градските власти дека постојат неколку шуплини во таа дупка кои веројатно настанале од поранешното ископување јаглен. Џорџ Сегаритус рекол дека неопходно е прво да се средат шуплините, па потоа да се користат.
Неговите предупредувања не биле земени за сериозни, па градските власти одлучиле да спалат големи количини оптад за да се направи место за друг отпад. Одлучен е денот и времето кога ќе се пали сметот и доведена екипа од локалното доброволно противпожарно друштво за да го изгасат огнот истата вечер.
На 27 мај 1962 година запален е судбоносниот пламен, а подоцна истата вечер и изгасен, но само по два дена огнот повторно се запалил, но пак бил изгасен.
Неколку дена подоцна е откриена шуплина широка пет метри која го поврзувала отпадот со блиските рудардки шахти.
https://www.youtube.com/watch?v=IFZqWRtYvpM
Откако свештеникот Вилијам Бурк се пожалил дека се шири чад и смрдеа од отпадот доведени се булдожери за да се изгаси огнот, но ни тој обид не успеал. Чадот и отровните гасови продолжиле да се шират по напуштените рудардки тунели под целиот град и насокоро и активните рудници се затворени. Нивото на јаглен моноксид во подземјето достигнал смртоносна доза.
Остатоците на јаглен по напуштените рудници почнале ден по еден да горат, што предизвика паника кај градските власти. Вработените почнале да копаат за да го уништат огнот. По неколку месеци и неколку десетини илјади тони ископана земја, проектот е запрен поради недостаток на пари.
Огнот под Централија не е запрен. Дошла и зимата 1963 година и невообичанео ниски температури кои запреле некои нови обиди за сопирање на огнот. Откако ни тоа не успеало, истата година откриено е дека огнот се проширил на 200 метри од местото на фрлениот отпад.
овторно поради недостаток на пари, сите проекти се запрени, а отровните гасови продолжиле да излегуваат во атмосферата и ги трујат повеќе од 1.000 жители на Централија. Дур во 1979 година луѓето станале свесни за проблемот кога сопственик на бензинска измерил 77 степени Целзиусови во дупка под станицата.
Две години подоцна, дванаесетгодишно момче паднало во дупка која се отворила во земјата во својот двор.Тод Домбоски имал среќа затоа што успеал да се фати за корен на стебло, по што брат му го спасил.
Во 1984 година, американските сојузни власти одобриле исплата на 40 милиони долари за торшоци на преселба на стотина жители на Централија, но неколку семејства одбиле да се преселат. По години судење и жалби, во Централија останале уште седум луѓе кои добиле одобрение да останат таму до крајот на животот.
Во годините по првиот пламен, огнот под Централија се проширил со километри по напуштените рудници. Место во близина на Централија потполно е уништено и напуштено поради огнот.
За Централија напишани се бројни книги и документарци, а се претпоставува дека била инспирација и за истоимениот филм Тивкиот рид.