Манчестер Сити направи уште еден обид да го привлече играчот од средниот ред на Лестер, Ријад Марез, јавува „Дејли мејл“. Овој пат, понудата е 60 милиони фунти плус играч од лидерот во Премиер лигата.
За последен пат, Лестер одби понуда од 55 милиони фунти, но овој пат се очекува поинаков резултат. Марез инсистира сопствениците на „лисиците“ да го дозволат трансферот.
Алжирскиот репрезентативец веќе најави желба да го напушти клубот уште во мај минатата година, а договорот му истекува во летото 2020-та.
Од Лестер неодамна објавија дека тој е среќен да игра за „лисиците“ и сака да остане, но очигледно вистината е малку поинаква.