Автобусот кој во периодот од 2001-2005 година го користеше тимот на Ferrari, а во кој во тоа време се наоѓаше и Михаел Шумахер, ќе биде понуден на продажна аукција во Париз, во февруари.

Тимот на Ferrari во Формула 1 кон почетокот на 2000-тите години имаше фантастичен тандем на возачи, во кој покрај легендарниот Шумахер, се наоѓаше и Бразилецот Рубенс Барикело.
Ф1 тимот кој уживаше во планетарната слава благодарение на големиот број на обожаватели ширум светот, пет години во текот на натпреварувачките сезони користеше црвен службен автобус со марка Iveco.
Возилото сега е преуредено во луксузна куќа на тркала, со мотор со јачина од 380 ks.
Оригинално, автобусот имал два посебни апартмани со телевизија, телефон, интернет и маса за физиотерапевстски третмани на возачите после напорните трки.
Кога Ferrari го продал возилото, новиот сопственик го средил за свои потреби.
Заменети се и електричните инсталации, а автобусот добил потполно опремен тоалет, независни системи за греење и климатизација, дизел генератор за производство на струја од 220 V, домашно кино и луксузен брачен кревет.
Сепак, и покрај големите промени, од надвор е задржан оригиналниот изглед со ознаката Scuderia Ferrari, а автобусот има и сертификат од Ferrari за автентичност.
Возилото кое поминало 90.000 километри ќе се најде на продажна аукција на 8 февруари во Париз. Се проценува дека ќе достигне цена меѓу 125.000 и 150.000 евра.