Во самопрогласената светска престолнина на временскит епрогнози Панксутон во Пенсилванија, мрмотот Фил рано утрово излезе од својата јама и најави дека пролетта нема да стигне порано.

Неколку илјади луѓе во публиката одушевено ја чекаше прогнозата на Фил, не грижејќи се за фактот дека таа често е погрешна.
Имено, Фил во петокот ја виде својата сенка и најави дека зимата ќе трае уште шест недели.
Традицијата на временските прогнози со помош на мрмот во САД датира од 19 век, а првите се забалежани токму на подрачјето на Пенсилванија.
Денот на мрмотот се одбележува ширум САД, но фестивалот во Панксутон е најпознат.
Мрмотите се во зимски сон секоја година и нивниот биолошки часовник им кажува кога е време да се разбудат и да почнат со репродукција. Затоа и настана легендата дека пролетта доаѓа со будењето на мрмотот.
https://www.facebook.com/DailyMail/videos/3316604531732605/