Женка од сибирски тигар побара помош од забар

од desk2
137 прегледи

Неверојатна приказна стигнува од Сибир, каде женка на сибирски тигар, поради големи проблеми со забоболка, долутала до населба и побарала помош на тремот од една куќа во селото Солонтсови, во рускиот регион Кабаровск.

Алексеј Каидејев се изненадил кога пред врата видел тигар што бара помош.

Тој ја отворил вратата, ана тремот имало тигар што рикал од болка и цел ден го поминал пред куќата, а домаќинот се јавил на сите можни служби од страв.

Тигрицата била префрлена во центар за рехабилитација каде откриле дека се работи за женка стара 10 години, која имала сериозен проблем со забите и непцата.

Била исцрпена, но немала траги од повреди од некакво оружје.

Таа сега јаде, а храната и е полна со антибиотици, кои треба да и помогнат при проблемот со забите.

Сибирскиот тигар е заштитено животно и најголема опасност за нив се ловџиите кои бесправно ги заловуваат. Се проценува дека на истокот на Русија има околу 540 сибирски тигри во дивината, а нивната популација е стабилна и моментално во пораст откако сибирските власти ги спречуваат ловџиите да ги убиваат.