И го понудил станот бесплатно, но во замена за… (видео)

од desk2
127 прегледи

Еден маж од Велс, ја шокираше британската јавноста откако на интернет се појави снимка на која на една жена и нуди бесплатен изнајмување на стан, но под еден услов.


Имено, тој го огласил својот стан, кој го изнајмува за 650 фунти, но во огласот навел дека постои и алтернативен начин на плаќање. Кога се состанала со него, една од потенцијалните станарки набрзо дознала што всушност значи тоа.

Мажот на девојката и понудил стан на бесплатно користење, доколку се согласи еднаш неделно сексуално да го задоволува. Неговата понуда, снимена со скриена камера, се појави и на локалната телевизија, а потоа објавата брзо се прошири и по интернетот.

На снимката може да се слушне како мажот и нуди на девојката “пријателство со повластици“ и потоа и објаснува дека тоа всушност значи дека тие двајца треба еднаш неделно да имаат секс, доколку таа сака бесплатно да престојува.

Еден маж од Велс, ја шокираше британската јавноста откако на интернет се појави снимка на која на една жена и нуди бесплатен изнајмување на стан, но под еден услов.

И покрај тоа што снимката ја згрози британската јавност, статистиката покажува дека дури 250.000 жени во Велика Британија, во изминативе пет години, се нашле во ситуација да им биде понуден таков облик на плаќање на станарината.