Според истражувањето во кое учествувале 15.000 луѓе од 32 градови ширум светот, составена е листа на дестинации што ветуваат највозбудлива забава во 2018 година.

Испитаниците одговарале на разлни прашања во врска со квалитетот на животот и забавата во градовите. Листата е составена по критериуми за храната, пијалоците, културата, гостопримството, дружељубивоста и чувството на среќа, објави „Бизнис инсајдер“.
Врз основа на резултатите е направена листата на најзабавни градови со најдружељубиви луѓе, која изгледа вака:
10. Барселона
9. Филаделфија
8. Лисабон
7. Манчестер
6. Мадрид
5. Лондон
4. Мелбурн
3. Њујорк
2. Порто
1. Чикаго