Поранешниот министер за одбрана на Канада, Пол Хелјер тврди дека Илуминатите веќе поседуваат вонземска технологија која може да ги сопре климатските промени, но ја кријат затоа што ѝ помагаат на индустријата за фосилни горива.

Тој тврди дека тајната организација Илуминати постои и дека успеала да ја зачува технологијата во тајност, се додека не успеат да ги добијат милијардите долари од нафтените резерви кои што ги имаат.
„Морате да излезете со вистината, да ни кажете што се случува и да ги промените приоритетите за да го спасите светот за идните генерации, наместо да го уништувате со војните“, порача Пол Хелјер.

Тој веќе ја шокираше јавноста со неговото тврдење дека САД интервенирале за да го преземат местото на срушувањето на вонземското летало во канадската провинција Манитоба.
„Токму тие вонземјани се изворот на технологијата која што ги поништува климатските промени“, тврди Хелјер кој што беше министер за одбрана на Канада во 60-тите години од минатиот век.

Организацијата Илуминати се омилена тема на теоретичарите на заговор. Организацијата е означена како елитно тајно друштво кое што управува со глобалната политика и економија и работи на воспоставување на таканаречениот Нов светски поредок. Во тој поредок, според некои верзии на оваа теорија, се тврди дека „Светската влада“ практично ќе воспостави контрола над целиот свет и ќе го пороби „обичниот“ народ.
За изјавата на Хелјер известија „Дејли Мејл“ и други британски медиуми, а „Снопис“, познатата страница за проверка на сомнителни тврдења кои што кружат на интернет, ја проверила оваа вест и ја означила како точна, односно било утврдено дека Хелјер навистина го рекол тоа.