Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола откри дека се обидел да премине во тимот на Виган во 2005-та година, но до таков трансфер не дошло, бидејќи Шпанецот, кој има повеќе од 250 натпревари за Барселона, не бил „доволно добро“. На крајот, Пеп оди во мексиканскиот Дорадос де Синалоа, а половина година подоцна ја завршува својата кариера.
Манчестер Сити сега гостува на Виган во натпревар од ФА Купот, што го поттикна менаџерот на „граѓаните“ да се наврати на тој момент.
„Да, имаше такво нешто пред години. Вистината е дека не бев доволно добар. Бев стар, навистина стар. Се обидов да дојдам да поиграм во Англија, но не успеав. Истото се случи и во Манчестер Сити, кога дојдов тука со Стјуарт Пирс. Но, тие беа многу паметни, не бев доволно добар“, признава Гвардиола.