На една пратеничка во шведското собрание во инбокс на нејзиниот Фејсбук профил и стигнала шокантна порака, од непознат испраќач.

Кога ја отворила пораката неименуваната политичарка нашла фотографија од пенис.
Полицијата со истрага го утврдила идентитетот на мажот кој ја пратил фотографијата. Тој живее во Окселесунд, пишува шв едскиот портал The Local.
Осомничениот потврдил дека тоа е фотографија од неговиот пенис, но вели дека не ја пратил до пратеничката,а затоа што тој не прави такви работи.
Сепак, судот смета дека објаснувањето не е доволно уверливи и го казнил за сексуално вознемирување.
Осудениот е должен на пратеничката да и исплати компензација за нанаесена душевна болка во износ од 5.000 шведски круни, односно 505 евра.