Хрват дал отказ и на YouTube отворил канал за шах што е речиси најпосетен во светот

од desk2
113 прегледи

Антонио Радиќ, триесетгодишен Хрват од Крижевци, неодамна ја напуштил работата во треговски синџир и денес живее од шаховски канал на YouTube.

Во шаховската заедница познат е како Агадматор, а својот 100.000 претплатник го прослави во петокот на шаховски турнир што во живо го пренесуваше на својот канал.

„Со ова почнав како вљубеник во шахот, со намера да ја популаризирам таа древна игра. Во август имав 15.000 претплатници, а тогаш работата тргна, па до ноември станаа 75.000 претплатници. Сега имам по 1.000 претплатници дневно и според бројот сум трет на светот. Алгоритмот на Youtube предвидува дека до крајот на годината ќе имам најмногу претплатници во светот. Во моментот сум прв по посестенот“, велу Радиќ за Podravski.hr.

Тој ги генерира приходите од реклами и од донации од своите претплатници. Неодамна од еден поклоник добил 1.000 долари, а од друг 1.500 долари. Најмногу претплатници има од Америка и од Индија, а Хрвати има само 0.9 отсто.

Како четиригодишно дете дедо му го научил шах, кој потоа премногу го притискал, па го замразил шахот се до средношколските денови. Тогап еден соученик го предизвикал дека ќе го победи во седум потези. Потоа играл нау улица, па отишол во шаховски клуб, каде новите деца го растуриле. Затоа се вратил кај дедо му и му рекол да му даде книги.