Познатата YouTube ѕвезда, пранкстер и милионер, Коби Персин, се облече како бездомник за да ја сними реакцијата на персоналот во ресторан, а таа беше поразителна.

Персин (23) од Њујорк, го тестираше персоналот во ресторан на Флорида да види како ќе реагираат врз основа на нечиј изглед.
„Не можеме да ве послужиме денеска, нема да ве послужиме. Жал ми е заради тоа – му вели келнерот, но Коби е упорен, сепак келнерот му сугерира да јаде во “McDonald’s”.
Потоа Коби го вика возачот кој пристигнува во Rolls-Royce со актовка полна пари.
„Ти реков дека имам пари. на што е лудо е начинот на кој им судиш на луѓето само според изгледот. Можам да го купам ова место само за да те избркам од работа, имаш среќа“, му вели Коби.
Погледнете.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=178&v=Cd8wsX_uZy4