Уметничката колекција на милијардерот Дејвид Рокфелер може да достигне вредност од повеќе од 500 милиони долари наменети во хуманитарни цели, кога ќе биде ставена на аукција на пролет.

Аукционерската куќа Кристис продава стотици уметнички дела од колекцијата на Рокфелер и неговата сопруга Пеги, меѓу кои и слики од Моне, Матис и Пикасо.
Колекцијата ќе може да се види во Лондон од утре до 8 март, пред да биде ставена на продажба во Њујорк од 7 до 11 мај, пренесе AP.
Дејвид Рокфелер беше американски банкар и еден од најбогатите луѓе на светот. Според податоците на Forbs, вредноста на неговиот имот се мери на околу 3,1 милијарди долари.
Роден е во Њујорк како најмлад од шесте синови на Џон Рокфелер јуниор, основач на нафтената компанија Стандард оил. Почина на 20 март 2017 година во Њујорк на возраст од 101 година.