Помина долго време од деновите кога луѓето легнувале под нож за да си ги зголемат градите или да го намалат обемот околу стомакот и бутовите. Сега ниту еден дел од телото не е исклучен од естетска хирургија. Дури средувањето на папоците е сè повеќе побарувана козметичка процедура под името “умбликопластика” со цел да се постигне совршен стомак.

Овој третман вклучува преобликување и намалување на средниот дел на папокот со отстрануање или проширување на околната кожа. Разговарајќи за британскиот магазин “Independent”, докоторот Тијион 1Ешо потврдил дека оваа процедура станува сè повеќе станува популарна помеѓу жените.
https://instagram.com/p/BWQUpEmFFx6/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_ufi_control
“Оваа популарност ја поврзувам со модните трендови кога луѓето се чувствуваат поудобно покажувајќи ги своите стомаци на фотографии кои ги споделуваат на социјалните мрежи”, објаснува тој.
Покрај тоа, многу пациенти доаѓаат на консултации, бидејќи сакаат да направат умбикопластика после пораѓај, откако ќе го извадат пирсот од папокот или кога губат килажа.
Докторот Лиам Перстон сепак искажа голема загриженост поради овој тренд во Британија.
“Проблемот со овој тренд е тоа што можат да предизвикаат непотребен притисок на личностите кои сакаат да постигнат совршен изглед, често предизвикуваат ризици по здравјето, како што имавте можност да го погледнете примерот со усните на Кајли Џенер”, истакнува Лиам.