Полицаец спаси дете што паѓаше од трети кат (ВИДЕО)

од desk2
75 прегледи

Неколку полицајци, кои чувале една банка во египетскиот град Асјут, забележале дека дете виси од третиот кат на зградата во која се наоѓа банката.

Без премислување тргнале да го спасат, а сакале да рашират кебе, но за тоа немало време. Еден полицаец, во моментот кога детето паднало, ги испружил рацете и го дочекал. Детето е без повреди, а полицаецот кој паднал заедно со детето, кога го дочекал има полесни повреди.

https://www.youtube.com/watch?v=jNf08_hHghU