Со седум ливчиња и влог од 910 денари прилепчанец „фати“ 560.000 евра

од desk2
123 прегледи

Еден прилепчанец, направи седум добитни ливчиња и ги уплати во обложувалницата „Моцарт“. Среќникот со влог од 910 денари, „фати“ повеќе од 560.000 евра.

Од синоќа, тој е побогат за вкупно 34.632.342 денари, односно точно 563.585 евра

Од облогот може да се види дека тој погодил мечна кој има повеќе од 7 голови и коефициент 22, плус уште 20-тина други мечеви, а на крајот голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Хеа со своите феноменални одбрани ќе успее да го спаси англискиот тим од пораз кај Севилја.