(Видео) Се појавила гола на прв состанок, а тој не забележал

од Vladimir Zorba
157 прегледи

Храбра девојка се појави гола на прв состанок, носеќи на себе само со боја насликана облека.

Младата Џој прихатила да биде модел и да се состане со момче прв пат носеќи на себе само „outfit“ од американската уметница Џен Сеидел која се занимава со сликање по човечки тела, пренесе Mirror.

За состанокот и насликале сини фармерки и виолетов топ со цветчиња.

„Момчето кое го одбрав за состанок е комичар и многу е забавен, па едвај ќекам да ја видам неговата реакција“, вели Џој.

Кога се сретнале Џој носела црно палто кое момчето и помогнало да го симне.

Откако седнале и рекол дека му се допаќа како е облечена и дека на момент помислил дека е гола, на што Џој само се насмеала.

Подоцна, додека шетале по градот неколкупати ја прашал дали тоа е боја или облека, но Џој не сакала да му одговори, но признала кога почнало да врне.