Научниците од калифорнискиот Универзитет Беркли, открија дека мирисот на храна игра важна улога во начинот на кој организмот ги преработува калориите, како и тоа дека со самото мирисање на храната пред јадењето може да поттикнеме насобирање вишок килограми.

Иако студијата е спроведена на глувци, а не на луѓе, научниците велат дека оваа поврзаност е фасцинантна. Резултатите од студијата ги објаснуваат со тврдењето дека чулото за мирис е поврзано со одлуката на организмот да ги складира маснотиите, место да ги согорува.
„Зголемувањето на телесната тежина не се мери само со внесот на калории. Доколку утврдиме дека и кај луѓето чулото за мирис е поврзано со гоење, може да направиме лек кој не влијае на чулото за мирис, но ги блокира метаболните процеси. Тоа би било неверојатно“, вели еден од авторите на студијата, Ендру Дилин.