Во октомври родителите на 18-месечната Иви Ангерман од Хастингс во Минесота добиле застрашувачка дијагноза: нивната ќерка е алергична на вода. И била дијагностицирана водена уртикарија, многу ретка болест која се манифестира со допир со вода.

Набрзо по контактот со вода на било која температура, кај заболениот се појавува осип по телото. Поради тоа Иви не смее ни да заплаче. Кога ќе почнат солзите, нејзиното лице отекува. Дури и од пот кај неа настанува реакција на кожата.

Не смее да си игра на снегот, а само неколку капки дожд на нејзи
ната кожа предизвикуваат осип. нејзината мајка Британи стравува од моментот кога ќе мора на својата ќерка да и каже дека не смее да плива во базен, ниту да си игра во дворот со својата сестра.
“Сакаше да се капе во када, а сега вриска пред секое капење. Нејзината кожа по капењето изгледа како да има изгореници од трет степен. Трча наоколу и вика дека ја пече. Тоа е тешко за гледање”, вели загрижената мајка.
Реакцијата по допир со вода трае од 15 минути до еден час, но само ако земе антихистамин, единствениот лек кој и делува, нејзиниот организам брзо се опоравува.
“Направив се за да и ја олеснам ситуацијата, но ништо не помага. Ситуацијата е се полоша”, објаснува Британи.

Според нејзините зборови, Иви се капе два пати неделно, освен ако не се извалка додека си игра. И ги ограничиле активностите на отворено за да избегнат дополнително капење. Лекарите засега препорачуваат само орално консумирање на антихистамин два пати дневно, но Иви полека станува имуна на нив. Лек за алергија зема само во деновите кога се капе, и тоа за да ја ублажи реакцијата.
Британи вели дека нејзината ќерка е едно весело девојче, а пред само шест месеци забележале дека нивната ќерка добива осип секогаш кога се капе. Ги елиминирале сите производи за капење кои ги имале, го промениле прашокот за перење на алишта и ја промениле нејзината исхрана. Ништо не помогнало. Дури и оделе во хотели и во домовите на поблиските роднини за да видат дали ќе и одговара поразлична вода. Ништо не помогнало.
Алергологот конечно поставил дијагноза, која ги оставила во тотален шок.
“Ќе направиме се за да и помогнеме, но многу сме загрижени за нејзината иднина”, вели мајката.
Иви засега има реакција само на директен контакт со вода, но нејзината мајка стравува дека би можела да стане алергична на вода при орална употреба.

“Се плашам дека еден ден нејзиното грло ќе почне да отекува откако ќе пие вода. Се прашувам дали ќе може да оди во градинка или да се вработи еден ден”, вели Британи.
Веќе забележале дека има осип и од уринирање откако ќе испие премногу сок или нешто друго. Семејството Ангерман основало страна за собирање на парична помош за да се соберат доволно пари да се преселат во друг дом, каде би требало да имаат водовод со прочистена вода и климатизација која ќе го олесни животот на Иви.