Во туристичките земји разбојниците покажуваат исклучителна вештина и креативност кога станува збор за земање пари од туристи. Се надеваат на лекоумност, но и на несигурност поради непознавање на обичаите и традициите во некоја земја.

За да не се вратите дома со кратки ракави, внимавајте на изненадувањата како специјалитети на куќата, чија цена во рестораните не сте ја провериле, менување на пари надвор од менувачница и игри на среќа кои никогаш не се во корист на случајните минувачи.
Пред влегување во такси претходно добро договорете се за цената, за да не се сретнете со таксиметри кои не работат, како и огромни суми за возење.
Нараквица на пријателството
Во Италија треба да се чува нараквица на пријателство. Измамата почнува на тој начин што ви приоѓа насмеана личност, која, пред да се снајдете, ви врзува плетена нараквица околу вашата рака. Во моментот пред да сакате да си заминете, насмевката на таа личност се претвора во напад и обвинение дека не сакате да ја платите нараквицата, а често во тој момент наидуваат и неколку пријатели на измамникот.
Балкански трик
Една од најинтересните измами во соседните земји е „автомеханичар суперхерој“. Ќе запре со својот автомобили покрај вашиот и ќе ви каже дека забележал дека вашето тркало „игра“, но за среќа токму тој го има клучот потребен за затегнување. Ќе ве праша дали по пат сте поминале неколку дупки, а со странски регистрации се зголемува и веројатноста за кривини на патот. После „поправката“, ќе ви ја наплати својата „работа“, а ако одбиете да платите, ќе се најдат уште неколку негови пријатели кои ќе ве убедат дека тоа не била исправна одлука.
Туркање
Германија има се поголем број на крадци кои успешно „оперираат“ на улиците и во јавниот превоз. Најчесто ќе ви пријдат, ќе ви кажат нешто и ќе се обидат да остварат некој физички контакт со вас како поздравување и туркање, за да се доближат до вас. Во автобусот често го користат силното кочење на возачот, кога глумат губење на рамнотежа. Нема ниту да почувствувате, а ќе останете без мобилен телефон, накит или паричник. Ваквите измами се чести и во Шпанија.
Чиј е овој прстен?
Еден од популарните трикови на разбојниците во Европа е и финтата со прстенот. Најчесто вклучува учесници кои изгледаат како туристи или случајни поминувачи. Тогаш, ќе кренат прстен од површината и ќе ве прашаат дали ви паднал, а откако ќе одбиете, упорно ќе се обидуваат да ве убедат да го земете. За тоа време, додека не гледате, неговите помошници ќе се обидат да земат сè што е вредно од вашата торба.
Улична менувачница
Измамниците ќе се обидат да ве убедат да ги размените парите кај нив бидејќи и тие наводно го зборуваат вашиот јазик, токму како и тоа дека нивната баба потекнува од вашата земја, или ќе измислат некоја слична приказна, а со тоа ќе приложат и своја визит-карта. Ако прифатите, ќе добиете фалсификувани или стари пари кои немаат вредност. Со вакви измами се среќавале многу луѓе во Прага.