Пронајдена 132 годни стара порака во шише

од desk2
112 прегледи

Една од најстарите пораки во шише на светот, напишана на германски јазик, најдена е до половина закопана во песок на плажа во Австралија, откако била фрлена во Индискиот Океан пред 132 години.

Шишето со пораката, го пронашла Австралијката Тонја Илман, додека се шетала по плажата на 21 јануари годинава на 180 километри од Перт.

„Изгледаше како прекрасно шише што може да служи за украс на мојата полица за книги“, вели Илман. „Девојката на син ми ја откри пораката кога го исчисти шишето од песокот. Пораката беше влажна, завитката и врзана со јаже“, додава таа.

„Ја исушивме и кога ја отворивме, видовме дека е пишана на германски, со многу блед ракопис“, објаснува таа. Датумот на пораката бил 12 мај 1886 година.

На другата страна од пораката пишувало ако ја најдат да ја вратат во морнарската опсерваторија во Хамбург или во најблискиот германски конзулат.

Шишето е фрлено од бродот „Паула“ во рамки на експеримент на германската морнарица чија цел била разбирање на океанските струи и откривање побрз и побезбеден поморски пат.