Српската новинска агенција Танјуг од вчера е цел на интензивни хакерски напади, од повеќе од 50 различни ИП адреси, со цел преку сајтот да се „урне“ информативниот систем на агенцијата, да се оневозможи нејзината работа и достапноста на сервисот за вести до медиумите и другите корисници.
За разлика од досегашните инциденти од ваков вид, кога нападите доаѓале од „фантомски“ адреси од странство, овој пад обидите Танјуг да се направи „невидлив“ доаѓаат од легални ИП адреси од Србија.
За интензитетот на нападите сведочи фактот дека, на пример, само на една вест, по случаен избор, имало повеќе од 11.600 реакции во 30-тина минути, односно три во секунда.
Нападите почнале вчера во 15 часот.