Бил само тој во болницита, сам си го спасил животот

од desk2
92 прегледи

Сосема сам во мала здравствена установа во изолиран дел на Австралија, 44-годишен медицински техничар, почувствувал дека има срцев удар и тргнал во акција. Неверојатно присебен, сам си го спасил животот, објавија медиумите.

Мажот чие име не е објавено заради заштита на приватноста, почувствувал силна болка во градниот кош додека бил сам на должност во амбуланта во Корал Беј, 1.000 километри од Перт.

Во амбулантите во оддалечени делови од Австралија работат само медицински сестри и техничари обучени за пружање основна медицинска грижа.

Бидејќи најблиската медицинска установа била оддалечена 150 км, а околу него немало никој да му помогне, тој сам се приклучил на ЕКГ, и по наодите заклучил дека тромб, згрутчување му прави прблем.

Резултатите му ги пратил на дежурниот лекар по пат на итна телемедицинска мрежа, а еден од нив со видео-линк цело време му кажувал што да преземе.

Мажот сам си вбризгал аспирин во вената, како и аналгетик и антикоагуланс лек за разредување на крвта и лек за растворање на згрутувањето.

Лекот за згрутчување помогнал и болката се намалила.

Следниот ден со авион е превезе на кардиологија во Перт, каде му е вграден стент во коронарната артерија. ДВа дена подоцна пуштен е на куќно лекување.

Стручњаците велат дека на повеќето луѓе не може да им се препорача такво самолечење, но користењето лекови против згрутчување е стандардна пракса при срцев удар кога болницата е далеку.

„Генијално е како се успеал сам да направи“, вели доктор од Њујокр, кој за медиумите го коментирал случајот. „Тој веројатно има доста искуство во итни случаи и доволно самодоверба да реши тешка ситуација“, додава тој.

Случајот уште еднаш ја нагласи важноста на телемедицинската мрежа во рурални подрачја.