Ова е вереникот на трагично настраданата Мина, ќерка на турскиот тајкун: Кобната несреќа ги прекина плановите за свадбата

од desk2
117 прегледи

Се свршиле во октомври минатата година, а венчавката била закажана за 14. април оваа година.

Во авионската несреќа која вчера се случила во Иран, животот го загуби Мина Басаран, богата наследничка на семејството Басаран и ќерка на тајкунот Хусеин Басаран, која кон средината на април требало да се омажи за Мурат Гезер, успешен бизнисмен, исто така од Истанбул.

Турските медиуми често пишувале за Мина и нејзиниот свршеник Мурат, бидејќи, двајцата биле млади, богати, многу успешни во својата работа и познати лица на турскиот џет сет.


Така било и во октомври минатата година, кога била направена голема забава во хотелот “Soho House” во Истанбул, кога парот се свршил. Требало да се венчаат на 14. април оваа година.

Кој е свршеникот на убавата Турчинка која трагично настрадала?
Мурат Гезер е сопственик на компанијата “Metprint Printing Systems” која се занимава со дизајн и производство на метални амбалажи, а работи ширум Европа, Блискиот исток и Африка.

Како што пренесуваат турските медиуми, Гезер течно зборува англиски и германски јазик, а студирал на американскиот Универзитет Интер Континентал.


Трагичната несреќа која вчера се случи во близина на Техеран, ги прекина сите планови на младиот пар за заеднички живот.

Мина Басаран загина заедно со уште седум пријателки, кога се враќаа од Дубаи, каде ја прославувале нејзината моминска вечер. Авионот со кој патувале, и припаѓал на семејната компанија на Мина.

Животот го загубиле и тројца членови на екипажот.