Градот на сред пустина отд секогаш е познат по казината и ноќниот живот. Дали сте се запрашале колку чини излегување во Лас Вегас или само едно пиво?

Вечера во ресторанот „Омниа“ во „Цезар Палас“ чини 2.500 евра, додека пиво во просечен ноќен клуб чини дури 9 долари!
За да им помогне на туристите кои доаѓаат во овој град порталот Casino.org направи калкулатор на цени за некои од најголемите клубови во овој град.
Така посетителите може да видат колку ќе ги чини вечера или само пијалок во „Белаџио“ или „Мандалај Беј“.
Излегување во клубот „1 oak -The Mirage“ ќе ве чини 200 долари, нешто поевтин е „Xs Night club“, каде ќе потрошите 184 долари, а во клубот „Tako Night“ ќе поминете најевтино и ќе платите само 114 долари. Цените кои се наведени вклучуваат влез за четири лица и тура пиво.
Најслапото пиво исто така е во клубот„1 oak“, каде чини 15 долари, а најевтино во „Мандалај беј“ „само“ 7 долари.
„Вегас е слап град, па сакавме да им помогнеме на туристите да ги сочуваат своите пари и да си поминат најдобро што можат“, вели уредникот на сајтот Дејвид Шелдон. „Излегувањето во најдобрите клубови на Вегас никогаш не било евтино ниту ќе биде, а во соработка со тие клубови цените се достапни на нашиот сајт“.
Лас Вегас лани го посетиле 37 милиони туристи.