Портокалот го чисти организмот на пушачите, штити и од рак

од desk2
102 прегледи

Портокалот е овошје достапно преку целата година, хранлив, здрав и со одличен вкус. Содржи висок процент антиоксиданси, ја подобрува работата на цревата, го снижува лошиот холестерол. а здебелувањето на крвните садови го намалува за една третина.

Плодот содржи многу Це витамин, Бе, провитамин А, како витамин Е. Од минерали посебна важност има калциумот, кој лесно се апсорбира, но и магнезиум, калиум и фосфор.

Богат е со олигоелементи, но и со шечер, кој на организмот му дава енергија, а витаминот Це помага при согорувањето, и при апсорпција на железо. Го зајакнува одбранбениот систем, го забрзува зараснувањето на раните и помага во неутрализација на слободните радикали.

За пушачите витаминот Це има големо значење, па ако пушите или живеете во загадени градови или сте уморни, салатата не треба да ја зачините со масло, туку со сок од портокал. Вака вкусна слатко-солена комбинација истовремено е многу корисна.

Научници во Австралија откриле дека еден портокал дневно е успешна заштита од некои видови рак. Тие тврдат дека ракот на усната шуплина, грлото, гласните жици и органите за варење може да се спречи, односно ризикот за половина да се намали ако јадете по еден портокал дневно.