Во зимскиот трансфер прозорец, раководството на Манчестер Јунајтед направи сѐ што можеше, за да може менаџерот на тимот, Жозе Мурињо, да ја добие својата трансфер цел во лицето на Алексис Санчез. „Црвените ѓаволи“ имаа сериозна конкуренција во градскиот ривал Манчестер Сити, но на крајот, Специјалниот победи во битката со Пеп Гвардиола. На дали е тоа така?
Од неговото доаѓање на „Олд Трафорд“ во јануари, Алексис Санчез не импресионира со неговата изведба, напротив, навивачите на тимот се разочарани од она што го гледаат. Чилеанецот не ја покажува играта, која го направи лидер во Арсенал во изминативе години. Но, ова е поддржано и од фактите, откако стрелецот забележа три анти-рекорди во дресот на Манчестер Јунајтед за само два месеци.
Претходно во текот на сезоната тој го подобри рекордот за најмногу изгубени топки во ФА Купот. Во саботата, во натпреварот со Ливерпул беше подобрено и постигнувањето за најмногу изгубени топки во Премиер лигата, откако Санчез веќе го држи и овој рекорд – 47. При вчерашната елиминација на 20-кратниот англиски шампион од Лигата на Шампионите, играчите на Севиља му ја украдоа цели 42 пати топката на Санчез, што е и рекорд за турнирот.