Денеска започнува пролетта

од Vladimir Zorba
555 прегледи

Астрономската пролет на северната хемисфера оваа година доаѓа на 20 март  попладне. Ова е исто така денот на пролетната рамноденица, кога времетраењето на денот е еднакво на ноќта. Оваа година астрономската пролет ќе дојде со врнежи и влажен снег на места, температурите исто така ќе бидат малку пониски. Периодот од почетокот на астрономската пролет до почетокот на следната астрономска пролет е еднаков на една тропска година и изнесува 365, 24219 дена. 

 

Од 2008 година тоа е веќе втор ден од пролетта, а во Америка од 2016-та година дури трет ден, со оглед на тоа дека ова годишно време на тој континент почнува на 19 март.

Датумите на почетокот на годишните времиња варираат од година во година поради несовршеноста на календарот и елиптичноста на Земјината орбита околу Сонцето.

Пролетта е едно од оние годишни времиња, кои според конвенцијата на северната Земјина полутопка ќе трае дел од март, цел април, мај и дел од јуни, а на јужната Земјина полутопка дел од септември, цел октомври, ноември и дел од декември.

Годината не трае точно 365 или 365,25 дена. Грегоријанскиот календар е составен да биде што приближно до износот на астрономската година, т.е. времето кое на Земјата и е потребно за да го обиколи Сонцето.

Поради тоа не секоја четврта година е престапна. Престапни не се „кружните“ години на крајот на векот, кои не се деливи со 400 (1700, 1800,1900), а истото важи и за „кружните години“ кои означуваат крај на милениумот, а кои се деливи со 4000 (4000, 8000 години).