Мајка залудно повикувала помош: Крадец украл автомобил, а 2-годишната Кјара била внатре, го фрлил возилото во река!

од desk2
159 прегледи

Двегодишната Кјара Мур од Кармартеншир во западен Велс, која следната седмица требало да наполни три години, трагично загинала кога еден крадец, кој украл автомобил додека девојчето било внатре, го турнал возилото во река со се неа.

Автомобилот бил украден вчера во 15:30 часот, а полицијата подоцна го пронашла во реката Тејфи. Спасувачките екипи го извадиле девојчето од автомобилот, а потоа го одвеле во болница.

Девојчето било пронајдено во сивиот автомобил, од кој крадецот се ослободил бегајќи од полициската потера.

Мајката на Кјара, Кимберли Роуландс, вчера во околу 15:30 часот буквално на една минута излегла од автомобилот за извади пари, и затоа го оставила девојчето внатре. Веднаш се вратила, но автомобилот не бил таму. Несреќната мајка се огласила и на Фејсбук. “Го видел ли некој мојот автомобил, украден е со мојата ќерка, која е внатре. Ве молам, споделете”.

https://www.youtube.com/watch?v=nX-rJlqfiWA

Полицијата два часа трагала по сребрениот “Мини Морис” и конечно го пронашла во реката Тејфи. Спасувачите успеале да го ослободат детето од возилото. Ја однеле малата Кјара во болница, но таа ја изгубила борбата за својот живот само една седмица пред да го прослави својот трет роденден.

https://www.facebook.com/moore.jethro/posts/10160423181575571

Таткото на Кјара, Џет Мур, потврдил на Фејсбук дека девојчето починало вчера во болница, со порака дека “имала прекрасен, но краток живот”.

Полицијата известила дека досега никој не бил уапсен и дека истрагата е во тек. Исто така ги замолиле сите потенцијални сведоци да се јават.