Јуве го отпиша Алекс Сандро за дуелите со Милан и Реал

од Vladimir Zorba
253 прегледи

Дефанзивецот на италијанскиот шампион Јувентус – Алекс Сандро, најверојатно ќе го пропушти дербито со Милан од 30-тото коло на Серија А, како и првиот 1/4-финален натпревар од Лигата на шампионите со Реал Мадрид.

Дефанзивецот доби повреда на мускулите за време на тренинг со бразилската репрезентација и беше вратен во Торино. Денес Сандро ќе мине детални прегледи, но по првична дијагноза медицинскиот штаб на „бјанконерите“ поставил песимистички прогнози за претстојните големи судири на Јуве. Според „Газета Дело Спорт“, закрепнувањето на Сандро ќе трае две недели, што значи дека ќе биде подготвен за реваншот со Реал на 11-ти април.

Во негово отсуство шанса да игра ќе добие Квадво Асамоа, кој во последно време добро се справува во „црно-белиот“ дрес. Повредени во Јуве се Федерико Бернардески, Хуан Квадрадо, Џорџо Киелини и Сами Кедера. Последните двајца се очекува да бидат подготвени за мечот со Милан на 31-ви март. Првиот натпревар на италијанскиот шампион против Реал е на 3-ти април, а казнети за него се Меди Бенатиа и Миралем Пјаниќ.

Слични содржини